Девојче се обеси затоа што повеќе не можело да го трпи малтретирањето од своите врсници, ја навредувале поради аутизмот, дислексијата, но и бојата на кожата

Изабела Феит Тиченор од американската држава Јута се обесила затоа што не можела повеќе да го трпи малтретирањето од нејзините врсници. Тие ја малтретирале затоа што таа имала аутизам, дислексија, но, ја навредувале и за бојата на кожата.

„Изабела која имаше само 10 години не можеше повеќе да го трпи насилството во школо, рече нејзината мајка Британи, која објасни дека таа трпела и навреди на сметка на бојата на кожата, односно расата.

Семејството на Изабела рече дека сакаат да ја подигнат свеста за злоставувањето и самоубиствата на малите деца. Од школото „Норт Солт Лејк“, каде што учела таа, не превземале ништо во врска со овој случај, пренесува „Мирор“.

„Како што би направил и секој друг родител, ние го пријавивме насилството на нејзината учителка, на школската управа и кај лицата во округот, но, никој ништо не направи за да го исправи лошото однесување на децата и злоставувањето продолжи“, рече Британи за локалните медиуми.

И покрај тоа, мајката додала дека немала претстава за тоа колку сите тие работи влијаеле лошо на нејзината ќерка.

„Не се забележуваше дека тоа и смета. Тоа ми е најтешко во целата оваа работа. Сето таа злоба ја држела во себе“, рече мајка ѝ.

Нејзината баба, Пола Харис рече дека семејството сега ќе биде нејзиниот глас во борбата против врсничкото насилство.

„Ние ќе ја кренеме јавноста на нозе и ќе го спречиме злоставувањето. Нашето девојче имаше надежи и соништа и во неа гореше искра“, рече Пола.

Нејзиниот татко Грегори Тиченор, рече дека и неговата ќерка отишла кај учителката, како и кај директорот, но, тие ништо не превземале.

„Ова траеше со месеци и ништо не беше направено, а злоставувањето беше вербално и физичко“, рече тој и додаде дека врсничкото насилство е поттикнато од расизмот кој е длабоко вкоренет во општеството и дека тоа мора да се промени.

 

 

Scroll to Top