Девојче успеа да направи атомска бомба

Додека светот е потресен од нуклеарната програма на Северна Кореја и за тоа дали Ким Џонг-ун ќе ја лансира во некој дел од Америка, тинејџерка од Њу Хемпшир успеала да создаде 45 килотони атомска бомба во рамките на својот школски научен проект.

14-годишната Кетрин Симонс е една од 137 студенти што учествувале оваа недела на научниот саем во Њу Хемпшир.

Кетрин, која е ќерка на аеронаучен инженер, решила да ја комплетира А-бомбата во рамките на својот проект со цел да им покаже на луѓето дека ваквите работи знаат да бидат опасни, но дека не треба премногу да бидат загрижени.

Атомските бомби не убиле ни приближно толку луѓе колку што загинале во автомобилски несреќи или од цигарите, но луѓето имаат силно негативно претчувство за нив.

Кетрин вели дека да се направи бомба е далеку покомплицирано и опасно од тоа да се направи машина за миење садови.

„Имав помош од моите родители, но јас го направив најголемиот дел од работата. Работев над 200 часа, но на крајот ја комплетирав и таа е функционална.

Таа вели дека нејзината бомба ќе им покаже на луѓето дека атомските бомби се едноставни машини како и сите други и се надева дека јавноста помалку ќе се плаши од нуклеарното оружје.

Нејзиниот учител Роналд Теренс изјавил дека бил импресиониран од тоа што Кетрин успеала да направи со материјалите што ги пронашла во продавницата за хардвер.

 

 

 

 

Scroll to Top