Девојка заврши во затвор затоа што ја турнала другарка ѝ од мост

Деветнаесетгодишната девојка Тејлор Смит е осудена на казна затвор во период од два дена, затоа што минатото лето ја турнала својата другарка Џордан Холгерсон од мост, од 18 метри височина.

Џордан од падот се здобила со скршени шест ребра, пробушени бели дробови и модрици по целото тело. Тејлор се изјаснила за виновна, па му се обратила на судот со извнување.

„Од минатата година нашите животи повеќе не се исти. Доста созреав, научив дека морам да размислувам пред нешто да направам. Сакам искрено да и се извинувам на Џордан и нејзиното семејство“, изјавила Тејлор.

Судијата Дарвин Зимерман, изјавил дека Смит мора некое време да мине во затвор и да размисли за својот непромислен потег. Дарвин наредил девојката да мине два дена во затвор и 38 дена да се занимава со друштвено корисна работа.

„Си можела да ја убиеш“, и кажал судијата на Тејлор во судницата.

Првично договорот меѓу судијата и двете страни било Тејлор да мине 60 дена во домашен притвор, но откако судијата го слушнал сведочењето на мајката и ќерката се предомислил.

Мајката на Џордан изјавила дека не е убедена дека Тејлор навистина се кае за тоа што го направила и дека би требало да мине во затвор онолку дена, колку што нејзината ќерка минала во болница.

„Минатото лето мојата таканаречена другарка ми го промени животот на полошо. Не можев да дишам, а кога ме извадија од водата, си помислив дека ќе умрам. Телото ми ја менуваше бојата од секунда во секунда. Три дена бев во болница. Не можев сама да се туширам ниту да одам до купатило“, изјавила Џордан пред судот.

„Кога излегов од болница, целата бев во болки. Ребрата сега ми се заздравени, но и понатаму чувствувам непријатност“, изјавила Џордан.

Scroll to Top