Девојката која го обвини Роналдо за силување, може да го чини фудбалерот 56 милиони фунти

Поранешниот модел Катрин Мајорга, која го обвини најдобриот фудбалер на светот, Кристијано Роналдо, дека ја силувал, може да го чини фудбалерот 56 милиони фунти.

Британски „Сан“ откри документи од судскиот процес, кој во моментов е во постапка, но, е далеку од разрешница. Британскиот весник открива што бараат адвокатите на Марјорга од Роналдо.

Таа сака да биде обештетена и барала 18 милиони футни за сите болки и страдања кои и ги нанел фудбалерот на Јувентус во 2998 година. Таа бара исто толку и за како што вели траумите кои ги доживеала по тој момент.

Нејзините адвокати доставиле и список од 60 имиња на сведоци, кои ќе треба да дадат изјави во нејзина корист за случувањата кои настанале таа кобна ноќ во 2009 година во Лас Вегас.

Ако на оваа сума се додадат и судските такси, Роналдо ќе мора да и плати 56 милиони фунти, доколку судот го прогласи за виновен.

 

Scroll to Top