Џеф Безос беше 11 минути на прошетка во вселената, по што успешно слета на Земјата

Најбогатиот човек на светот, милијардерот Џеф Безос, успешно слета на Земјата откако престојуваше во Вселената со првиот лет преку неговата компанија „Блу ориџин“. Полетувањето и слетувањето мина без никакви проблеми.

Летот до Вселената траеше 11 минути. Со Безос летаа и неговиот брат на Марк, американската авијатичарска ветеранка Воли Фанк (82) и 18-годишниот холандски студент Оливер Дајмен.

“Њу Шепард“ беше лансиран во 15:00 часот по македонско време, од космодромот „Лонч сајт уан“, во западен Тексас.

Безос ја основа вселенската агенција во 2000 година, со цел еден ден да се изградат вселенски колонии со вештачка гравитација во коишто луѓе ќе работат и живеат. Компанијата денес работи и на орбиталната ракета „Њу Глен“ чија цел е слетување на Месечината.

За потсетување, пред десетинa дена, милијардерот Ричард Бренсон, соперник на Безос во трката за вселенскиот туризам, а кој е основач на „Вирџин Галактик“, исто така имаше успешен лет во Вселената.

Scroll to Top