Џеф Безос повторно стана најбогатиот човек на светот – претходно беше на врвот само еден ден

By
Џеф Безос во петокот утрото стана најбогатиот човек на светот повторно кога преку ноќ на своето богатство додаде дури 7 милијарди долари. Цената на акциите на „Амазон“ во петокот скокнала, па неговата заработка се зголеми повеќе од 90 милијарди долари.Ова не е првпат Безос да стане најбогата личност на светот. Првиот пат тоа се случи во јули, но неговото владеење траеше само еден ден. Веќе следниот ден Бил Гејтс на своето богатсто додал околу 550 милиони долари, па сега има 88,5 милијарди долари.

Но, работите би можеле набргу повторно да се поместат. Ако „Мајкрософт“ почне да добива, а „Амазон“ да губи, кога ќе почне трговијата на берзата, Безос би можел да се врати на второто место.

Со оглед на доминацијата на „Амазон“ на пазарот се верува дека Безос уште некое време ќе биде на водечката позиција. Меѓутоа, сега се води битка меѓу „Амазон“ и „Мајкрософт“.

Безос не бил отсекогаш милијардер како што е денес. Неговата мајка имала 16 години кога го родила во 1964 година.

Родителите му се запознале кога биле средно. Побегнале во Мексико да се венчаат, но се развеле кога Безос имал 17 месеци.

Ќе ви се допадне