Џимиринките му носат милиони, ги пакува како чипс, а ги служи со пиво

Еден облог од 500 фунти (околу 560 евра) направил од Британецот Ник Колман (35) милионер, а, верувале или не, станувало збор за џимиринки.

Пријател на Колман, кој инаку е голем љубител на месо, во 2014 година го предизвикал да почне бизнис во кој ќе вложи само 560 евра. Три години подоцна може да се каже дека тоа била најдобрата одлука која Ник ја донел во својот живот. Денеска од производството на џимиринки заработува 3,5 милиони фунти (речиси четири милиони евра) годишно.

„Облогот ме натера да почнам нова работа со ограничен капитал. Наместо да се грижам за тоа како да заработам пари, се концентрирав на својата страст и она што навистина уживам да го работам“, изјавил Колман за британски „Сан“.

Она во што ужива се пабовите и свинското месо. Тие две страсти одлучил да ги спои во компанијата „Снефлинг пиг“, која е специјализирана за производство на џимиринки, како и грицкалки од свинско месо што може да се служи со пиво.

Прво се продавале во кесички како чипс, а во меѓувреме одлучиле да ја променат амбалажата, па сега нивните џимиринки се достапни и во тегли.

Трудот се исплател. Ник и неговиот деловен партнер Ендру Ален се појавиле во август минатата година во ТВ-емисијата „Драгонс ден“, еден вид натпреварување во кое учесниците се натпреваруваат да ги придобијат инвеститорите за своите деловни идеи и да осигураат финансиски средства за да ги реализираат.

Тие добиле 70.000 фунти од основачот на „Мунпиг“, Ник Џенкинс, а за возврат му дале 20% од фирмата. Како таа растела, тие од Џенксин го откупиле неговиот дел.

Во меѓувреме бизнисот продолжувал да расте, но и понудата, која неодамна ја прошириле за девет нови вкуса.

 

Scroll to Top