Џиновски предаторски црви се забележани низ Европа

Низ градините во Париз се јавуваат џиновски предаторски црви, кои потекнуваат од Африка.

Кога професорот Жан-Лу Џастин ја добил првата фотографија од џиновскиот црв, од негов близок пријател, тој бил воодушевен, пренесува Вашингтон Пост.

Овие џиновски црви не припаѓаат на европските градини во кои се одгледува овошјето и зеленчукот, вели тој.

„Немаме ние такви животни во Франција, изјавил Џастин, професорот на Националниот природeн музеј во Париз. Овие предаторски црви потекнуваат од Азија, каде климата може да биде многу потопла и многу повлажна, а како пристигнале на европскиот континент засега не е познато.

Недела дена подоцна, Пир Грос, кој првиот ги забележал овие црви, му испратил на професорот уште една фотографија на која имало и друг вид на голем црв. Џастин прво помислил дека Грос се шегува со него.

„Човекот ги пренесува овие црви преку патувањата и се преправа дека ги открива во својата градина“, бил убеден Џастин.

Тој и неговите соработници набрзо сватиле дека не станува збор за шега, па ги замолиле граѓаните да им испратат фотографии ако забележат од ваквиот вид на џиновски црви.

Со прегледаните материјали, научниците им станало јасно дека низ француските градини веќе подолго време хараат ваквиот вид на предаторски црви.

„Овој вид е прилично мистериозен, живеат во земја и тешко е да се забележат. Тоа воглавно го објаснува и фактот што истите случајно се прошириле низ светот“, објаснил британскиот научник Арчи Мурчи од Институтот за агрономија.

 

 

Scroll to Top