Џо Бајден го номинираше првото трансродово лице во Владата на САД

Новоизбраниот претседател Џо Бајден, го номинираше првото трансродово лице во Владата на САД. Тој објави дека ја номинира д-р Рејчел Левин за помошничка-министер за здравство.

Ако Сентатот ја потврди номинацијата, Левин ќе биде првата трансродова сојузна злужбеничка во Владата на САД. Таа е секретар за здравство на американската сојузна држава Пенсилванија и во моментот работи на справување со пандемијата од корона вирус.

„Докторката Рејчел Левин ќе донесе стабилно водство и стручност која им е потребна на луѓето да ја надминат пандемијата, без оглед на нивниот поштенски број, расата, верата, сексуалната ориентација, родовиот идентитет или инвалидитет и ќе ги задоволи потребите на јавното здравство на нашата земја во критичен момент“, рече Бајден.

Тој додаде дека Леви е висококвалификуван избор и дека ќе биде од голема помош во водењето на американската администрација во здравството.

Новоизбраната потпретседателка Камила Харис, ја нарече „извонредна јавна службеничка со знаење и искуство која на САД ќе им помогне да ја сузбијат пандемијата и ќе го заштити и подобри здравјето и благосостојбата на американскиот народ.

Леви дипломирала на колеџот „Харвард“ и Медицинскиот факултет на Универзитетот „Тулан“, а завршила обука по педијатреија и адолесцентна медицина на Недизинскиот центар „Синаи“ во Њујорк. Работи и како порефесор по педијатрија и психијатрија на Медицинскиот колеџ „Пен Стејт“ и служи како претседателка на АСТХО, Здружението на државни и територијални здравствени работници.

Државниот сенат под контрола на републиканците три пати ја потврдуваше за секретар за здравство на Пенсилванија. Автор е на голем број трудови за опиодина криза, медицинска марихуана, адолесцентна медицина, нарушувања во исхраната и ЛГБТК + медицина“.

Проектот за еднаквост во Пенсилванија ја прослави нејзината номинација за оваа позиција.

Scroll to Top