Џо Бајден најави масовно вакцинирање на стадионите за американски фудбал

Претседателот на САД, Џо Бајден, изјави дека неговата администрација има намера да го прифати предлогот на Националната фудбалска лига НФЛ за масовна вакцинација против коронавирусот на стадионите на клубовите на американскиот фудбал.

Откако заврши сезонава во НФЛ, лигата ги понуди стадионите да се користат за масовна вакцинација, а Бајден за CBS изјавил дека стадионите ќе бидат достапни и искористени за вакцинирање.

Седум стадиони во НФЛ ќе се користат за вакцинација, а комесарот на лигата, Роџер Гудел, на почетокот на неделата му испратил писмо на Бајден, нудејќи ги и преостанатите 23 стадиони.

Бајден исто така изразил надеж и очекува дека натпреварите во НФЛ следната година ќе се играат на стадионите исполнети со навивачи.

Scroll to Top