Динго нападнало двегодишно дете во Австралија

Диво куче, динго, нападнало двегодишно момче во Австралија, пренесуваат светските медиуми. Момчето веднаш било префрлено со авион во болница од островот Фрејзер, популарното летувалиште во земјата, соопштиле спасувачките служби.

Детето имало видни рани од гризење на главата и по телото.

„Веруваме дека детето, кое летувало со семејството, си играло пред куќата, кога соседите слушнале дека нешто не е во ред. Тие тргнале да проверат за што се работи и го забележале момчето кое било нападнато од динго“, е наведено во соопштението на спасувачките служби, пренесува „Ројтерс“.

Момчето во придружба на неговата мајка било префрлено во болница и сега се наоѓа во стабилна состојба. Дингата се заштитени во националните паркови во државата Квинсленд и во абориџинските резервари, но, во другите делови во Австралија се сметаат за штетници.

Овие диви кучиња завземаат значајно место во духовното и културно наследство на Абориџините и во домородските заедници, кои живеат на островите околу Торесовиот мореуз.

Scroll to Top