Директор на школо почнал да пее, за да ги прехрани децата

Раде Јаздиќ од селото Заовине, во општината Бајина Башта, од Србија, вели дека почнал да пее за да може да го прехрани семејството и децата. Раде е просветен работник, а е поставен на позицијата директор во школото во општината.

Тој вели дека од поодамна сватил дека со неговата плата не може да го прехрани семејството, па на уште кога имал 22 години, го земал микрофонот и почнал да пее.

Раде е еден од учесниците во емисијата „Никогаш не е доцна“, има три деца и вели дека морал да најде начин како да им обезбеди подобар живот.

„Јас почнав да се занимавам со музика на 22 години, затоа што уште тогаш станав татко на три деца. Го земав микрофонот во раце како средство за преживување, за да може моето семејство да опстане. Во образованието платата тогаш ми беше минимална, а гледам како некои пејачи заработуваа и по 20 марки за една минута, нешто што за мене беа плата за пет месеци“, вели Раде во емисијата „Гранд магазин“.

За својата работа како директор во школо, тој вели дека е голем хуманист и дека се обидува на учениците да им помогне да дојдат до книгите кои им се потребни. Бара секакви начини за да им помогне на семејствата кои не можат да купат основните потреби за нивните деца.

„Уживам во мојата работа која безрезервно ја сакам. Мислам дека воспитувањето на децата е најважнит процес кај еден човек, од една па до 70,80, 90 години“, вели Раде.

Неговиот син сега е шеф на оркестар и вели дека и тој има многу работа и дека солидно заработува. Раде вели дека микрофонот му помогнал да му обезбеди на семејството сè што му е потребно, а дека музиката отсекогаш му била во срцето.

„Вистина е дека подоцна доаѓа задоволството низ пеењето, затоа и се пријавив во шоуто „Никогаш не е доцна“, вели тој.

Scroll to Top