Дивите свињи годишно испуштаат емисии на јаглерод колку еден милион автомобили

Дивите свињи се познати по тоа што го уништуваат земјоделството и домородниот див свет, па затоа се сметаат за едни од најштетните видови на Земјата. Најчесто поради тоа што ја копаат почвата како трактори како што ораат.

Главна цел на едно поново истражување беше да се откријат главните влијанија врз емисиите на јаглерот. Тимот научници кои работеа на овој проект открија дека кумулативната област на земјата прекопана од страна на дивите свињи е голема колку површината на Тајван. Заклучокот е дека дивите свињи испуштаат 4,9 милиони тони јаглероден диоксид годишно, што е еднакво со еден милион автомобили. Најголемиот дел од овие емисии се забележани во Океанија.

Огромен дел од јаглеродот на Земјата е зачуван во почвата, а ослободувањето на дури мал дел од тоа во атмосферата би можел да има огромно влијание врз климатските промени.

Иако дивите свињи се домородни во голем де од Европа и Азија, сепак денес ги има на секој континент освен на Антарктикот, па затоа се смеаат за едни од најраспространетите инвазивни цицачи на планетата. Според последните проценки, во Австралија живеат околу три милиони диви свињи. Се проценува дека таму секоја година овие животи уништуваат плодови и пасишта во вредност од повеќе од 74 милиони долари, додека штетата што ја нанесуваат во само 12 сојузни држави во САД се проценува на повеќе од 270 милиони долари.

Покрај ова тие се и директна закана за 672 вида ‘рбетници и растенија во 54 различни земји.

Scroll to Top