„Дизни“ затвора 60 продавници во САД

Компанијата „Волт Дизни“ ќе затвори 60 продавници низ Северна Америка и ќе се фокусира на купување преку интернет, пишуваат локалните медиуми. Во светот има 300 продавници на „Дизни стор“, а компанијата ќе затвори 20 отсто од нив оваа година. Одлуката на „Дизни“ доаѓа откако заради пандемијата потрошувачите избегнуваат физички контакт и сѐ повеќе се свртуваат кон интернет-продажба.

„Планираме да создадеме пофлексибилно и меѓусебно поинтимно искуство во е-трговијата, што на потрошувачите ќе им овозможи лесен пристап до уникатни, квалитетни производи од сите наши линии“, изјави Стефани Јанг, одговорна за производи за широка потрошувачка.

Засега, не се соопштува кои продавници на „Дизни“ ќе бидат затворени или колку луѓе ќе бидат отпуштени. Според претставници на „Дизни“ засега се знае само дека затворањето нема да влијае на продавниците како што се „Таргет“ во САД или оние на групацијата „Алшаја“ на Блискиот Исток.

Scroll to Top