Овен
Одбегнувајте големи вложувања бидејќи може да се случи дека сте превиделе некоја ситуација. Оние кои се бават со приватен бизнис мораат да бидат многу внимателни. Може да ве заведе лице за кое и не сонувате дека има такви намери. Ќе имате променливо расположение.
Бик
Не дозволувајте било кој да ве исфрли од колосек. Атмосферата на работа е доста напната, но вие совесно ги извршувате своите должности. Немојте да преземате одговорност за нешто што не сте го направиле. Партнерот ја злоупотребува вашата наклоност, а тоа никако не сте го заслужиле.
Близнаци
Вистински момент е своите идеи да ги спроведете во дело. Новата деловна политика ветува одлични резултати, бидете вредни, дајте се од себе да ја постигнете својата цел. Ви годи вниманието на спротивниот пол, но и понатаму сте неодлучни. Ќе ве изненади повик од минатото. Оние кои се во врска ќе минат убав, емотивен ден.
Рак
Многу сте несигурни, а нема причина за тоа. Имате впечаток дека соработниците не ве прифаќаат, а тоа ве прави нервозни. Сте претерале со обвинувањата на сметка на партнерот. Ви недостасува трпение и толеранција. Морате да научите да ги контролирате своите емоции и да се смирите.
Лав
Потрудете се од моменталната ситуација да извлечете максимална корист. Преземете иницијатива, дури и ако ви се чини дека нема 100% да успеете во своите намери. Ако сте осамени и имате потреба за емотивно врзување, ќе имате можност тоа и да го остварите. Овој викенд би можел да биде како создаден за вас.
Девица
Ако потпишувате важни документи побарајте совет од близок соработник кој е многу поискусен од вас. Денес сите ќе сакаат да ви помогнат. Посакувате промени на љубовен план и лесно можете да се впуштите во авантура. Ви годи вниманието на некое лице од непосредна близина (работа,соседство, пријатели…).
Вага
Доколку соработувате со лице родено во знакот на стрелец слободно препуштете му ја одговорноста. Можни се неочекувани трошоци. Нема да бидете расположени за љубовни разговори и вечерта ќе ја минете во друштво на пријатели. Промената ќе ви годи. Оние кои се моментално слободни би можеле да имаат убав викенд.
Скорпија
Деловниот пат на кој сте се подготвувале може да биде откажан. Ќе ви годи тимската работа и позитивната атмосфера на работа. Денес завршете се што имате и потоа уживајте. Не сте задоволни со емотивниот живот, но тоа нема да си го признаете. Со партнерот кавгата ви е неизбежна. Потребен ви е одмор.
Стрелец
Наполнете ги батериите и ќе бидете подготвени за нови работни победи кои се пред вас. Ситуации за љубов и емотивно задоволство ќе има дури и отповеќе. Ќе поминете пријатни моменти во друштво на едно интересно лице. Добро се чувствувате.
Јарец
Крајно време е да го слушнете мислењето на колегите. Не бегајте од тоа бидејќи лице во знак на водолија има одличен предлог. Немојте да се впуштате во полемика околу тоа кој е во право. Обидете се да ја совладате ситуцијата од друг агол. Потребно е да ја корегирате исхраната.
Водолија
Ништо не може да ви претставува проблем. Имате свои планови кои ве мотивираат да одите понатаму. Следете ги своите цели. Со саканото лице минувате пријатни моменти и не дозволувајте некој да ви го расипе расположението. Изненадете го партнерот со некаков подарок. Здравјето е стабилно.
Риби
Сте започнле премногу работи кои едноставно не можете да ги завршите. Ќе бидете исцрпени и ќе ви биде потребен одмор. Имате нереални очекувања и не дозволувате партнерот да ги изрази своите чувства. Поради тоа можете да имате сериозен проблем. Земајте повеќе витамини.