Доаѓа циклонот Силвија

Од утре (среда), па во текот на следните денови, територијата на нашата држава ќе потпадне под влијание на нов циклон Силвија, стои во временската на Славчо Поповски.

Тоа ќе услови значително дестабилизирање на атмосферата, па така врнежите и грмежите ќе бидат сѐ почести и локално ќе бидат значително поројни проследени со засилен ветер, силни електрични празнења и појава на град.

Во текот на следните денови исто така локално се очекува да наврне големо количество воден талог (над 30-40 л/м2).

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во зоната на голема нестабилност има услови за локални поројни поплави и додека трае засилениот ветер, граѓаните да бидат крајно претпазливи каде се движат, а возачите своите автомобили да ги ставаат настрана од дрвјата.

Исто така, во текот на електричните празнења граѓаните да не престојуваат на отворен простор и под осамени дрвја и домаќинските уреди да се исклучуваат.

 

Scroll to Top