Додека Ел Чапо е во затвор, неговата жена се шета низ Европа

Додека најголемиот светски нарко-шеф, Хоакин Гузман, познат како Ел Чапо, е осуден на доживотна казна која ја отслужува во затвор, неговата жена Ема Коронел, е во прошетка на Европа и ужива во скапите луксузни патувања.

Ема во сабтата на својот „Инстаграм“ објави фотографија од гондолата на Канал гранде или Големиот канал, во близина на местото Риалто.

Таа на ова патување тргнала пред две недели, веднаш откако Федералниот суд во Бруклин го осуди нејзиниот сопруг на доживотен затвор.

Од овој затвор, според неговите зборови, никој нема побегнато цели 25 години, колку што и постои. На Ема не и е дозволено да го посетува сопругот, додека нивните седумгодишни близнаци можат да се видат со нивниот татко, пренесува британски „Дејли Мејл“.

Два дна по пресудата, Гусман е префрлен во затвор во Колорадо, за кој поранешниот управник вели дека е полош и од самата смрт.

Scroll to Top