Доктори пред пензија во Бугарија не сакаат да лечат пациенти од коронавирус, дале отказ

Во Бугарија 85 лекари кои биле пред пензија, исплашени дека полесно можат да се заболат од коронавирусот си поднеле оставка. Тие не сакале да бидат во контакт со пациенти заболени од коронавирус.

85 вработени лекари во Втората градска болница си поднеле отказ до понеделникот во 16:00 часот, пренесуваат бугарските агенции. Оваа болница била наменета за прием на болни од коронавирус.

Директорот на болницата доктор Георги Тодоро изјавил за „БТВ“, дека две недели немало информација за судбината на болницата и нејзините пациенти.

Според неговите зборови, болницата нема доволно квалификувани специјалисти за лечење на пациенти со акутни респираторни проблеми.

Доктор Тодоров изјавил дека повеќето доктори се пред пензија и дека се загрижени за својата безбедност, додека работеле со пациенти заболени од коронавирус.

Претставниците на болницата се состанаа со претставниците на Бугарската медицинска асоцијација. Градоначалничката на Софија Јорданка Фандакова, која ја посетила болницата, изјавила дека заразените од коронавирус повеќе нема да бидат примани во болницата додека истата не добие неопходна опрема и персонал.

 

 

 

Scroll to Top