Долгогодишна брачна двојка починала во период од само неколку часа

Во период од само неколку часа на 14 мај починале двајцата членови на една брачна двојка од Нов Зеланд. Станува збор за Питер Бедфорд (86) и неговата сопруга Рут (83) кои пред точно една година прославиле годишнина од брак.

„Добро е што си заминаа заедно. Беа целосно изгубени еден без друг“, изјавила нивната ќерка Керолајн.

Питер бил примен во болница во саботата вечерта на 12 мај.

„Мислам дека мама одлучила дека тој нема да се врати“, изјавила Керолајн.

Рут починала во нивниот дом на 14 мај во 10 часот утрото по локално време, а нејзиниот сопруг неколку часа подоцна откако слушнал за нејзината смрт.

Иако умирањето на долгогодишните парови во период од само неколку часа се случува релативно ретко, феноменот смрт од скршено срце, сепак, е тема на низа истражувања.

Студијата во Харвард од 2013 година открила дека веројатноста лицето да умре по смртта на брачниот другар е 30 проценти поголема во периодот во првите три месеци.

 

 

 

Scroll to Top