Домашните миленици се можни преносители на вториот бран на короната, предупредуваат експертите

Домашните миленици, како што се мачките и кучињата, би можеле да бидат носители на коронавирусот и да го предизвикаат вториот бран на оваа зараза, предупредуваат експертите.

Тие препорачуваат сите што имаат миленик во најбрз можен рок да ги тестираат за да откријат дали се носители на вирусот.

Научниците веруваат дека домашните миленици би можеле да бидат одговорни за вториот бран на емидемијата. Со оглед на тоа дека веќе неколку месеци научниците дебатираат околу тоа дали мачките и кучињата може да бидат преносители на вирусот, Универзитет во Лондон ги следи бројните животни кои живеат со луѓе за да утврдат дали заканата на вториот бран доаѓа од нив.

„Постојат докази дека одредени животни можат да добијат САРС-Ков 2 од луѓето, и да го пренесуваат на други луѓе. За сега не се знае колкав е ризикот“, вели професорката Џоана Сантини од Универзитетот.

Таа потенцира дека е неопходно да се воспостави надзор со цел да се спречи брзо ширење на вирусот помеѓу животните, што би можело да претставува и директна закана за луѓето.

Претходните студии покажале дека Ковид-19 може да се пренесе на животните бидејќи многу од нив поседуваат протеин кој му овозможува на вирусот да опстои. Студијата покажала дека домашните милиници, но и улични мачки и кучиња можат да бидат заразени, исто како и хрчакот и мајмунот.

Scroll to Top