Доналд Трамп е полош од Бил Клинтон со жените, смета Хилари

Хилари Клинтон, поранешната Прва дама на САД и сентарока, чиј маж Бил Клинтон во деведесетите години беше во центарот на внимание со сексуалниот скандал со Моника Левински, смета дека тој настан не може да се спореди со обвинувањата против моменталниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Според Хилари, главната разлика е тоа што Републиканците во деведесетите години, протуркале повеќегодишна истрага за обвинувањата против Клинтон за сексуалното вознемирување. Во случајот со Трамп, Републиканците не направиле ништо.

Обвинувањата против Клинтон станаа јавни кога три жени го обвинија за вознемирување, а во текот на истрагата на виделина излезе и аферата со Моника Левински. Клинтон лажеше под заклетва дека немал ништо со таа жена и на крајот мораше да биде отповикан од Белата Куќа.

Околу 12 жени го обвинија Трамп за сексуално вознемирување за време на кампањата во 2016 година, а тој ги негираше обвинувањата. Само една жена поднесе тужба, откако Трамп изјави дека не ја говорат вистината.

Scroll to Top