Доналд Трамп од Белата куќа излезе посиромашен за 1,6 милијарда долари

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, по четирите години минати во Белата куќа, мандатот го заврши со загуба од 1,6 милијарда долари, пишува „Форбс“.

Магазинот пренесува дека доколку Трамп продадел сè и сè ставил во идексните фондови, неговиот имот би бил повреден за 1.6 милијарди долари. Но, наместо тоа, Трамп го задржал приватниот бизнис, ставајќи го во рацете на неговиот син Ерик.

Ерик е извршен директор на неговата организација, пренесува „Дејли мејл“. Така неговото богатство од 3,5 милијарди долари, колку што ги имал во 2017 година, сега се намалило на 2,4 милијарди долари. Тој во моментов се наоѓа на 1299. место на листата на најбогати во светот.

Тоа е пад за речиси 300 места, затоа што минатата година Трамп беше на 1001. место.

Scroll to Top