За време на викендот во земјава ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во сабота попладне, а во текот на ноќта може да достигнат и над 25 литри на метар квадратен. Ваквото време ќе се задржи и во недела
Од УХМР велат дека во јужните делови од земјата е можно и невреме со пороен дожд и грмежи. На одредени места е можен и силен ветер над 80 километри на час.