Дресот на Мајкл Џордан продаден за рекордни 320.000 долари

Дресот на поранешната кошаркарска ѕвезда Мајл Џордан достигна рекордни 320.000 американски долари. Тој беше продаден за време на наддавање во Беверли Хилс, соопштија аукциската куќа Julien’s Auctions, од каде велат дека дресот бил продаден за рекордна сума пари.

Станува збор за дресот на Мајкл Џордан, кој го носеше додека играше во „Чикаго булс“ од 1984 година. Веднаш по него, за втора рекордна цена, беше продаден кошаркарскиот дрес на поранешниот американски претседател Барак Обама, кој го носел во училишните денови.

На наддавањето коешто беа изложени повеќе од 500 спортски сувенири. Сино-белиот дрес на кошаркарскиот тим на средното училиште Пунахои од Хаваи од 1979 година ја достигнал целата од 192.000 долари.

Од Julien’s Auctions соопштија дека станува збор за светски рекорд кој на наддавање достигнал средношколски дрес.

Двата предмета од спортската опрема на супеѕвездата на НБА-лига, Леброн Џејмс и на поранешниот напаѓач во американскиот фудбал (рагби) Колин Каперник, исто така, достигнаа висока сума од 128.000 долари за секој од нив.

Дресот на трагично загинатата кошаркарска ѕвезда Коби Брајант, кој го загуби животот во хеликоптерска несреќа во јануари годинава, на истата аукција е продаден за 38.000 долари.

Исторемено, факелот од Олимписките игри во Лос Анџелес во 1974 година е продаден за повеќе од 22.000 долари.

Scroll to Top