Дрвата во Србија поевтини за 10 евра, но нема купувачи

Купувачи нема, иако цените се за 25%, односно за 10 евра пониски по кубик во однос на истиот период во ноември.

Камионите и тракторските приколки се полни со дрва и стојат на Рибарскиот пат, но со денови никој не купува ништо. Продавачите најчесто ги нема покрај дрвата.

„Им здодеа да ги чекаат купувачите, па отишле да работат некоја друга работа за да не го губат денот“, изјави за „Танјуг“ еден од жителите на оваа улица.

Продавачите на дрва поставиле и броеви на телефони, а на некои приколки напишале „акција“.

Еден од продавачите, чиј број на телефон е закачен на дрвата, изјавил за „Танјунг“ дека цената на дрвата паднала поради топлата зима, а и луѓето немаат пари па се снаоѓаат како знаат и умеат.

Тој вели дека во ноември и декември, зависно од видот, кубик дрва се продавал за 40 до 43 евра, а сега цената ја спуштиле за 10 евра, а ако купците ја земат стоката на Рибарскиот пат и не треба да се пренесува до куќата, ја намалуваат цената за две евра.

 

Scroll to Top