Држењето на врат со кој полицаецот Дерек го уби Флојд, е недозволив потег кој полицајците често го користеле

Држењето на врат со кој сега веќе поранешниот полицаецот Дерек Шовен, го уби Џорџ Флојд, е недозволив потег кој полицајците често го користат, вели Чак Веклер, директорот на полицискиот истражувачки форум, кој ја истражувал полициската пракса. Тој вели дека во ниту една полициска академија не се учи ваквиот потег.

„Тоа едноставно не се учи, затоа што тоа може да влијае на нивното дишење и на каротидната артерија. Кога било кој полицаец ќе ја погледна снимката, доживува шок пораи техниката која полицаецот ја употребувал“, изјавил Чак Веклер, директорот на полицискиот истражувачки форум, кој ја истражува и полициската пракса.

Во измиантите пет години, полицијата во Минеаполис користела маневар за држење за врат во моментите на приведување на најмалку 237 луѓе, од кои 44% од приведените останеле без свест, е наведено во новиот извештај.

„НБЦ њуз“, кој за тоа прв извести, по прегледот на податоците и разговорот со полициските експерти од цела Америка, сугерирал дека таа бројка се чини како необично висока за град со големина на Минеаполис, кој има само 425.000 жители.

Податоците кои „НБЦ“ ги доби за употребата на сила од страна на полицијата во Минеаполис, покажува дека 16% од случаите, во кои полицијата ги задржуваат луѓето држејќи ги за врат, од почетокот на 2015 година, се лица кои при приведувањето ја изгубиле свеста.

Близу половината од оние кои ја изгубиле свеста, се здобиле со повреди, но податоците од полициското одделение не даваат информации за обемот на повредите на приведените.

Според полициските податоци, 60% од 44 лица, кои во текот на маневрот ја изгубиле свеста биле црнци, а 30% биле белци. Речиси сите од нив биле мажи.

Држењето за врат, или стегањето, во полициската употреба е дефинирано како користење на рака или нога за стискање на нечиј врат, без директен притисок на дишните патишта.

Белиот полицаец од Минеаполис Дерек Шовен, на 25. мај, со коленото му го притискаше вратот на црнецот Џорџ Флојд, додека тој го молел да престане затоа што не може да дише. Флојд подоцна починал во болница.

По пет минути, од вкупно осумте, колку што траело задржувањето, Флојд ја изгубил свеста, но полицаецот продолжил да го притиска неговиот врат за земјата. Тројца од неговите колеги го набљудувале, но не се обиделе да му помогнат на приведениот кој се гушел.

Шовин е уапсен во петокот и е обвинет за убиство од трет степен. Неговата смрт предизвика бран на силни протести ширум Америка. Таквиот специфичен зафат, кој сега веќе поранешниот полцаец го користел на Флојд, не подучува дека ниту во една полициска академија, тој не е одобрен, вклучувајќи ја и таа во Минеаполис.

Една од техниките за задржување е притискање на осомниченото лице кон земјата, но полицајците се учат да го притиснат делот на потколеницата или грбот. Полицајците исто така учат што побрзо да го подигнат осомничениот од земјата во седечка или стоечка положба. Лежењето на грб може да предизвика проблеми со дишењето.

Ова особено е опасно за покрупните луѓе. Повеќето инциденти во Минеаполис, кога осомничените ќе ја изгубат свеста во моментите на држењето за врат, се однесува на поединци кои бегале од полицијата или давале насилен отпор при апсењето.

Scroll to Top