Новоизграденото тркало Аин Дубаи со висина од 250 метри стана најголемото и највисоко панорамско тркало во светот, а се наоѓа на островот Блувотерс во Дубаи. За неговата изградба биле потребни околу 11.200 тони железо.
Додека додека две најпознати и најголеми панорамски тркала во светот се лондонското со висина од 134 метри и она во Лас Вегас со висина од 167 метри.
Освен тоа, Аин Дубаи може да собере и до 1750 лица, додека тргалото во Лас Вегас може да собере до 1200 лица.
Сепак, возењето во најновата светска атракција нема да биде кратка и брза. Еден круг трае околу 38 минути, а за тоа време се дозволени храна и пијалаци.