Два дена „Поточиња“ во МОБ

На 21 и 22 март во Македонската опера и балет ќе се одржи 17 издание на детскиот фестивал „Поточиња“. Во двата фестивалски дена, ќе има шест претстави, од 11, 13 и 18 часот.

„Разиграни, распеани, а на сцената единствени, ‘Поточиња’ се подготвени да приредат уште една голема забава. Актерот, Мартин Јорданоски ќе биде домаќин под маската на Поки и ќе ја води публиката низ уште една фестивалска приказна, а распеаните поточиња ќе ги претстават новите песни и изненадувања“, велат организаторите.

Билетите чинат 250 денари и веќе може да се купат во продажната мрежа на МК Тикетс, Југотон, билетарата на МОБ и онлајн.

Scroll to Top