Кенгурот буквално се степал со германската полиција пред да биде вратен на сопственикот, објавија властите.
Полицијата рано во саботата доби дојава дека кенгурот е фатен на автопатот во близина на северниот град Олденбург.
Полицијата која се нашла на местото на настанот била присилена да физички го совлада жилавото животно.
Кенгурот во тепачката е полесно повреден, и на крајот вратен кај сопственикот, велат од полицијата, пренесува Јутарни.хр.
Од куќата побегнал на 28 јули заедно со уште еден кенгур кој е фатен истиот ден.