Двајца Французи му го украле идентитетот на претседателот

Во француската престолнина вчера почна судењето на две лица поради кражба на идентитетот на претседателот на Франција, Емануел Макрон.

Овој необичен настан, кој денеска ќе биде одржан во парискиот суд, следуваше кога Макрон поднел жалба пред да стане претседател на Франција во мај. Главниот обвинет Жан Пол Монјин (38), книжевен издавач и десничарски активист, е обвинет дека користел имејл-адреса на „Гугл“ за која тврдел дека му припаѓа на Макрон за да ги испрати долгите политички имејлови со наслов „10 добри причини да не гласате за мене“, потпишани од Емануел.

Ќе му се суди и на познајникот на Монјин, кој наводно му помогнал да го креира имејлот.

Пораката е проследена до медиумите и членовите на кампањата. Монјин признал дека го напишал имејлот, но негирал дека сакал да се претстави како Макрон, наведел неговиот адвокат.

 

 

 

Scroll to Top