Двапати се обидел да ја убие, но таа одбива да се разведе од него

Британката Вики Силијер (42) не сака да се разведе од својот сопруг Емил Силијер и покрај фактот што тој сакал да ја убие.

Вики преживеала пад од преку 1000 метри откако нејзиниот сопруг, кој е воено лице, го пресекол јажето од нејзиниот падобран.

Британската физиотерапевтка е свесна дека нејзиниот сопруг е лажго и дека е опседнат со проститутки, а и дека има големи долгови. Исто така знае дека имал намера да ја напушти и да почне нов живот со неговата љубовница и дека исплатата од животното осигурување ќе му помогнела во тоа. Но, Вики и понатаму одбива да прифати да се раздели од него, првенствено поради нивните две деца, шестгодишната ќерка и тригодишниот син.

Минатата недела судот го прогласил Емил за виновен, по обвинувањата поднесени против него уште во април 2015 година.

Прво се обидел да предизвика експлозија на гас во нивниот дом, а кога не успеал во тоа, тајно ги замрсил конците од нејзиниот главен падобран и го онеспособил резервниот.

Вики вели дека под притисок на обвинителството ќе мора да ја прифати пресудата, но исто така вели дека тоа не било обид за убиство.

„Го сакам мојот сопруг каков што некогаш беше. Секогаш ќе се грижам за таткото на моите деца“, изјавила таа.

Истакнува дека најважно е да ги заштити своите деца и дека не сака поради тоа животот да им биде уништен. Најтешко ѝ паѓаат прашањата на нејзината ќерка.

Сега кога нејзиниот сопруг е прогласен за виновен, Вики мора да ја смени приказната за нивниот татко. Досега го правдала дека е на службен пат.

„Тој е алфа-мажјак, страствен и жесток“, наведува Вики.

Таа сега физички заздравува од падот, а лекарите морале да ѝ ја зашрафат карлицата.

„Коските зараснуваат, но раните во срцето веројатно не“, одговара Вики на прашањето поради кое не може да ја прифати вистината.

Вики вели дека чувството и говорело да не скока тој ден кога мажот се обидел да ја убие. Убедена била дека има ангел чувар и дека ја спасила нејзината мајка која починала кога таа имала 16 години.

„Лекарите не можеле да објаснат како преживеав, значи мора да постои друго објаснување. Да ја слушав сопствената интиуција, не би скокнала од авион“, вели таа.

Кога видела дека падобранот не се отвора, го отворила резервниот, а кога тој се отворил, почнала да се превртува и паѓала се побрзо.

Се спасила благодарение на искуството и знаењето, како и фактот дека е лесна и паднала на меко, преорано поле.

„Единствено што се сеќавам е тресокот. Видов дека можам да мрдам со прстите и си помислив. Фала богу, кичмата ми е цела“, заклучила Вики.

Емил целиот свој живот ги изневерувал жените кои најмногу го сакале. Одбил да ги признае неговите две деца кои ги добил со првата девојка, тинејџерката од Јужна Африка, Никол Шепард. Уште додека бил во врска со Никол, Емил се оженил со првата негова сопруга Карли Тејлор, а кога се развеле, ја запознал Вики. Се венчале, а Емил почнал да ја изневерува со неговата прва жена Карли. Истовремено влегол и во врска со една Австралијанка.

Штефани Голер ја запознал за време на скијање, додека Вики била во блажена состојба. Имал безброј тајни врски, а често посетувал и секс-клубови.

Неколку месеци пред да ги исече конците од нејзиниот падобран, Емил испратил страшна порака на некогашната девојка Николин Шепард, која го обвинила дека ги напуштил нејзините две деца.

„Остави ме на мира, или ќе направам нешто поради кое ќе се каеш што повторно си ми се обратила“, и одговорил на нејзината порака.

 

 

Scroll to Top