Двојка од Милано казнета, затоа што се бакнувале на улица без маски

By

Двојка од Милано е казнета со 400 евра, затоа што се бакнувале на улица. Тие ги симнале маските спротивно на рестрикциите кои биле воведени.

Како што пренесува „Дејли мејл“, двајцата се бакнале на пат кон ресторан, па веднаш биле обиколени од полицијата. Локалните медиуми пренесуваат дека се работи за 40-годишен Италијанец и жена од Полска, кој биле свршени пред две и пол години.

И покрај тоа што полицајците им покажале слики и пораки како докази дека се во врска, полицајците продолжиле со испитувањето. Проблемот бил во тоа што двајцата имале различни адреси. Во оваа земја една од мерките е носење маски за сите, освен за оние кои живеат заедно.

 

Ќе ви се допадне