Со еден оброк донирате по 1 евро за СОС Детско село

Преку хуманитарната акција наречена „You Eat We Give“, со порачување на кој било оброк во Дистрикт бар и ресторан сочинет од 3 различни јадења, 1 евро се донира на СОС Детското село, а средствата се наменети за поддршка на младите лица згрижени во организацијата и поттикнување на нивната понатамошна кариера и самостоен живот.

Кампањата „You Eat We Give“ е во рамки на глобалната иницијатива на Мериот „Свет на можности“ (World of Opportunities), чија цел е да се справи со невработеноста на младите преку донации на партнерските добротворни организации.

„Чест ни е што и Скопје Мериот Хотел е дел од оваа хумана иницијатива, за која верувам дека дополнително ќе ги поттикне нашите гости да се солидаризираат со младите од СОС Детското село“, вели Хрипсиме Ховакимјан Кузеска, маркетинг менаџер во Скопје Мериот Хотел.

Хуманитарната иницијатива ќе трае од 1-ви септември до 31-ви октомври, а се очекува да се соберат 250.000 евра за 2017 година.

Scroll to Top