Еден од најголемите изумители на денешницата случајно го откри својот број на „Твитер“

Основачот на компанијата „Space X“ и „Тесла моторс“, Илон Маск, случајно на сопствениот твитер-профил го објавил својот број на телефонот. Телефонскиот број го забележале 16,7 милиони корисници на популарната социјална мрежа.

Маск сакал да го испрати бројот на телефонот на еден од директорите на компанијата „Окулус“, но таа информација случајно завршила во јавноста.

„Имаш ли некоја секунда за да разговараме? Мојот телефон е …“, напишал Маск на „Твитер“ во пораката за Џон Кармак, шефот на технолошкото одделение на компанијата за виртуелна реалност „Окулус“, која е во сопственост на „Фејсбук“.

Неговиот твит ги покренал шпекулациите дека 46-годишниот шеф на Тесла и „SpaceX“ се обидувал да го доведе Кармак во своите редови или да побара соработка со „Окулус“. Во овој последен случај, освен „SpaceX“, и „Тесла“, со „Окулус“ би можеле да соработуваат и „OpelAi“, „Neuralink“ и компанијата „Боринг“ на Маск.

Портпаролката на „Фејсбук“ изјавила дека Кармак не планирал да ја напушти компанијата. Улогата на Кармак во развојот на некаква технологија за „Окулус“ го доведе до правен спор со неговиот поранешен шеф на фирмата „ZeniMax Media“.

Пред да почне да се занимава со виртуелна реалност, Кармак изградил компанија која се обидувала да направи летало за вселенски туризам. Се потрошиле милиони долари за истото, за во 2013 година проектот да се затвори. Кармак го задржал интересот за овој сектор и познато е дека претходно контактирал со Маск на „Твитер„.

Маск во јануари во 2015 година ја твитнал фотографијата на Кармак за слетувањето на дронот „SpaceX“ и изјавил дека сака да го доведе програмерот назад во водите на воздухопловната и вселенска технологија.

Кога новинарите го свртеле бројот што  Маск го објавил на „Твитер“, наместо да заѕвони, се вклучила гласовната пошта со пораката „God of War“.

„Успеавте. Некако го откривте патот до мене. Честитки“, вели во пораката што ја снимил креаторот на играта, Дејвид Џеф, пренесува CNBC.

 

 

 

 

 

 

Scroll to Top