„Една љубов“, концерт со Слаткар, Зен и Гоце С.А.Ф

Утревечер во малата сала во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се одржи неколкучасовен концерт на македонски и бугарски хипхоп и аренби-артисти. Публиката ќе може да ги слушне Слаткаристика, Криско, Гери-Никол, Апсурд, Тони Зен и диџеј Гоце С.А.Ф. Турнејата со наслов „Една љубов“ почна во Банско, продолжи во Охрид и Струмица, а неколку концерти се одржаа и на Сончев Брег, Варна и во Пловдив.

Билетите за концертот чинат 400 денари.

Scroll to Top