Електричните автомобили на Илон Маск ќе можат да се купат и со биткоини

Милијардерот Илон Маск купил биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари и во иднина планира неговите автомобили клиентите да можат да ги купат со криптовалути.

Основачот на „Тесла“ прецизирал дека продажбата на автомобилите ќе биде подложна и во рамките на актуелните закони во земјата и начелно ќе биде ограничена.

Како што јавуваат некои американски медиуми, ова ќе биде првпат голем производител на автомобили да најави продажба преку биткоин.

Маск на „Твитер“ објави пораки со кои ги охрабрува луѓето да купуваат биткоини, нешто што во последно време доведе до зголемувањето на нивната вредност и вредноста на доџкоинот.

Со најавата на Тесла, вредноста на биткоинот порасна до 44.200 американски долари. Акциите на „Тесла“ пораснаа за 2 отсто.

Во апликацијата до СЕК, компанијата ги предупреди инвесторите дека вредноста на биткоинот е со екстремни варијации.

Scroll to Top