Елон Маск мерките за карантин ги нарече фашистички, тоа е присилно затворање на луѓето

Во средата основачот на компанијата „Тесла“, Елон Маск, на социјалните мрежи ги нарече мерките за карантин како фашистички и објасни дека тоа е еден вид на присилно затворање на луѓето.

Тој побара брзо отворање на американската економија. „Ослободете ја Америка сега“, напиша Маск на „Твитер“, мрежа на која има повеќе од 33 милиони обожаватели.

Елон Маск, ексцентричен челник на компанија за производство на електрични автомобили „Тесла“, повика на брзо раздвижување на американската економија и оцени дека воведувањето на карантинот е фашистичка мерка.

За време на конференцискиот повик, Маск остро ги нападна рестриктивните мерки кои беа воведени за да се спречи ширењето на коронавирусот.

„Искрено, јас би го нарекол присилното затворање на луѓето во нивните домови, нешто што е против сите нивни права загарантирани со уставот“, кажал Маск.

„Тоа ќе предизвика голема штета, не само на компанијата „Тесла“, туку на голем број други компании“, додал тој.

Неговата компанија во првиот квартал во 2020 година, имала 16 милиони долари профит.

„Тоа е фашистички, недемократски“, порача Маск реферирајќи на мерките за ненапуштање на домовите во САД.

Американските здравствени претставници, тврдат дека наведените мерки се клучни за спречување на ширењето на заразата. Во САД од коронавирус, досега починале 60.000 луѓе.

Претходно овој месец, Трамп објави слични твитови, во кои повика на ослободување на неколку американски сојузни држави. Твитот на Маск е споделен преку 47.000 пати.

Маск во март на „Твитер“ ја заговараше идејата дека „Ковид-19“ може да се лечи со антималарици. Тоа со недели го промовираше Доналд Трамп, а од американската Агенција за храна и лекови (FDA) неодамна издадоа предупредување дека хидроксиклорокин и клорокин не се користат надвор од болницата и клиничките испитувања, затоа што можат да предизвикаат сериозни нуспојави, како тешки пореметувања на срцевиот ритам на работа.

 

 

 

Scroll to Top