„Епл“ го претстави „ајфон 13“

Компанијата „Епл“ ги претстави новите модели на Ајфон, Ајфон 13 про и Ајфон 13 про макс. Ова се најмоќните модели од новата линија и го имаат најнапредниот систем на камери. Тие снимаат видеа со кои може да се фокусираат објекти и кога позадината е матна.

„Новиот кинематографски режим предвидува дека кога некој влегува во кадар и го свртува фокусот кон него, фокусот да не се менува“, вели Тим Кук ,шефот на „Епл“.

Од компанијата велат дека и повеќето карактеристики на новиот модел се ажурирана верзија на претходните. Новиот Ајфон има побрз чип А15, посветол екран и подолго траење на батеријата за два и пол часа. Меморијата е зголемена до 500 гигабајти, а во моделите со најмала меморија има подобрување од 64 на 128 гигабајти.

Цените на ајфон 13 ќе се движат од 910 до 1.230 евра.

Scroll to Top