Маж од Индонезија, 37-годишниот Роберт Набабан, неодамна се соочи со џиновски питон, но не само што преживеа, туку успеа и да го убие.
Како што раскажа Роберт пред новинарите во болницата, пред да го избрка своето семејство, до средбата со змијата дошло кога со мотор патувал од работа на плантажата каде што работел како овчар.
Во текот на возењето наишол на двајца пешаци, кои сакале да го преминат патот, но не се осмелиле затоа што пред нив на средината на патот лежел питон долг 7 метри.
„Се обидов да го уловам питонот. Ме гризна за раката и се боревме некое време“, изјави Роберт.
Инцидентот се случил во покраината Риау, каде што Набабан живее. Иако сите детали не се познати, според фотографиите што дојдоа од Индонезија, тамошните жители го врзале животното меѓу две дрва за да може сите да го видат.
Кога ќе се види големината на змијата, може да се утврди дека е вистинско чудо како Набабн не само што ја победил и убил туку и успеал да помине само со длабоки расеченици на дланките и рацете настанати од загризите на питонот.