Ердоган: Вакцината што ќе ја произведеме ќе биде достапна за целото човештво

Претседателот на Република Турција, Реџеп Тајип Ердоган, говорејќи за важноста на меѓународната соработка и солидарност, во борбата против пандемијата, порача дека вакцината против ковид 19 треба да биде достапна за целото човештво, наместо да продлабочува неправди.

Едроган преку видео конференција, присуствуваше на Самитот Г-20, со кој претседава Саудиска Арабија. Обраќајќи им се на учесниците на Самитот, Ердоган потсети на фактот дека епидемијата на коронавирусот и понатаму претставува закана за целото човештво.

Тој порача дека и тие на самитот се наоѓаат на исиот брод и ја делат истата судбина со целото човештво. Нагласувајќи дека против епидемијата, не е можно да се борат без соработка и солидарност, Ердоган констатираше дека светот, особено развиените земји, во текот на процесот на епидемијата, не одговорила на испитот на помош и солидарност.

Според неговите зборови, економските послаби земји, во текот на пандемијата, практично се препуштени самите на себе.

„Во тој контекст, Турција им пружила помош на 156 земји и девет меѓународни организации. Со давање на поддршка за 15 земји, членки на Г-20, исто така осигуравме дозвола за купување и извоз од нашата земја“, порача Ердоган.

Тој нагласи дека со големо задоволство, ги примил охрабрувачките вести за вакцината, која ја направиле двајца турски научници во Германија.

„Но, тука постои точка на која треба да се обрне внимание. Развивањето на вакцината треба да биде достапна за целото човештво, наместо да продлабочува постоечки неправди. Во тој контекст, платформата Г-0 би требало да подготви и управува со механизми за да на сите им осигура праведен пристап на вакцината. Турција, која во моментов работи на вкупно 16 проекти на вакцината, а кај еден почнавме и со тестирање на луѓето. Вакцината која се произведува во Турција, ќе ја направиме достапна за целото човештво“, порача Ердоган.

Scroll to Top