Глумицата Летиција Калдерон, која на публиката ѝ е најпозната по улогата на Есмералда, била итно пренесена во болница поради компликации од коронавирусот. Според мексиканските медиуми, нејзината здравствена состојба е сериозна, а заразени се и неколку членови на нејзиното семејство.
Бргу по пренесувањето во болница, Летиција им испрати порака на фановите да се молат за нејзиното здавје, но вели и дека лекарите одлично се грижат за неа.
„Во болница сум, но опкружена сум со прекраксни медицински лица, кои се грижат за мене. Сега треба време за оздравување. Ви благодарам на поддршката. Ова година не почна како што очекував, уште неколку членови на моето семејство се заразани. Молете се за мене и сетите се на сите нас во вашите молитви“, напиша Летиција на „Твитер“.
Таа вели дека ги почитувала мерките за заштита, но и покрај тоа, успеала да се зарази.
Актерката, која и денес глуми во теленовелите, во 2013 година јавно признава дека се бори со зависнот од дрога, а одлучи да се излекува кога нејзина пријателка ѝ умре на раце од предозираност.