ЕУ останува без една членка

Според неофицијални информации кои ги пренесува сајтот „Политико“, ЕУ дипломатите тврдат дека договорот за излез на Велика Британија од ЕУ изненадувачки е постигнат.

Тројката ЕУ дипломати кои инсистираат на анонимности, тврдат дека договор е постигнат. Сепак други официјални лица кои се запознати со преговорите, велат дека до договор има уште долг пат.

Првите знаци дека договорот е постгинат се појавија кога се дозна за ненајавеното пристигнување во Брисел на официјалното лице на Велика Британија, задолжено за преговорите за Брегзит, Доминика Раба.

Сепак еден од официјалните лица на ЕУ тврди дека преговорите сеуште се водат и дека можни се големи промени.

Високи функционери на ЕУ ќе разговараат за Брегзит во средата и дури потоа ЕУ ќе може да го прифати планот, јавува „Политико“.

 

Scroll to Top