Фантомски фризер хара низ државата – Им упаѓа на жените и им ја сече косата – Но тоа не е најлошото

Овие инциденти се припишани како враќање на бандите кои се обидуваат да ги тероризираат луѓето или да предизвикаат масовна хисетрија.

Фантомскиот фризер предизвикува паника и страв меѓу жените во Индија, кои во полицијата пријавуваат необични случаи, тврдејќи дека во нивните домови се појавува непознат маж, кој потоа, додека се во несвесна состојба, им ја сече косата.

Според нивните новоди, по појавата на непознатиот маж, тие ја губеле свеста, а по будењето, ја наоѓале отсечената коса на подот.

Овие инциденти се припишани како враќање на бандите, кои се обидуваат да ги тероризираат луѓето или да предизвикаат масовна хисетрија, пренесува Анадолија.

Во рок од две недели, во полицијата се пријавени повеќе од 40 вакви случаи.

„Ги истражуваме овие настани. Ова е многу чуден случај“, изјави портпаролот на полицијата Гургаон Равиндер Кумар.

 

 

Им порачале дека полициските екипи работат на тоа да откријат кој стои зад ваквите бизарни инциденти, и апелираат до луѓето да не веруваат во гласините. Првиот случај е пријавен минатиот месец кога жената изјави дека во текот на правењето на ручек, здогледала непознат маж на вратите од својот дом.

Како што изјавија, ја затворила вратата, но, човекот овој пат се појавил во куќата по што таа изгубила свест. Кога се разбудила на подот си ја пронашла косата.

Психијатарот Прамод Сони изјави дека овие случаи влијаеле на жените кои повеќето од своето време го минуваат по дома.

Scroll to Top