Фејсбук блокирал политичар поради презимето

By

Локален политичар од Белгија неодамна стана вест број еден откако Фејсбук ја забрани неговата кампања поради безобразното презиме.

Од Фејсбук сметале дека презимето на Лук Анус (26), е премногу навредливо, па оттука ја забранија неговата кампања на социјалните мрежи.

Тој изјавил дека Фејсбук едноставно не го прифаќа неговото име. Анус е кандидат на Социјалистичката партија за советник во местото кое е населено со околу 5000 жители. Тој се обидел кампањата да ја води и на социјалните мрежи.

Кога објавил фотографија од неговиот изборен плакат на интернет, речиси истиот момент тоа станало вирално и предмет на многу шеги низ Белгија.

Во морето коментари, тој бил и еден од оние кои Анус го советувале да го промени презимето во нешто долично. Сепак, тој нема намера да го промени својот идендитет и како што вели не бил ниту разочаран ниту бесен поради шегата на негова сметка.

„Можам да се носам со тоа“, вели тој.

Белгискиот политичар пронајде начин да се носи со тоа и на Фејсбук. Своето презиме го скрати за една буква, па сега на социјалните мрежи се вика Лук Ану.

Ќе ви се допадне