„Фејсбук“ го стопира прокетот „Инстаграм за деца“ по реакциите дека тоа е токсично за тинејџерките

Компанијата „Фејсбук“ ги стопира плановите за лансирање „Инстаграм за деца“. Овој проект беше намнет за помлади од 13 години и идејата застана кога „Волстрит џурнал“ објави дека едно интерно истражување утврдило оти оваа социјална мрежа е токсична за тинејџерки.

„Во наредниот период ќе се консултираме со родители, експерти, креатори на политики и регулатори“, рече Адам Мосери, шефот на „Инстаграм“.

„Инстаграм“ налага корисниците да имаат најмалку 13 години за да може да отворат профил, но признава дека тоа тешко се регулира во пракса.

Според Мосери, подобро е да постои „Инстаграм за деца“ од 10 до 12 години отколку да се потпираат на способноста на апликацијата да ја потврдува возраста.

„Реалноста е дека децата веќе се на интернет“, рече Мосери.

Според истражувањата од 2020, се покажа дека речиси 32 % од тинејџерките што имаат лошо мислење за сопственото тело уште полошо се чувствуваат кога се на „Инстаграм“.

Scroll to Top