„Фејсбук“ ќе бара дозвола за препознавање лица на фотографии и видеа

Компанијата „Фејсбук“ почна да бара од своите корисници од ЕУ и Канада да дозволат препознавање на лицето преку технологијата за да се идентификуваат на фотографиите и видеоклиповите.

„Фејсбук“ веќе еднаш почнал да бара препознавање на лицата во 2011 година, но тој процес го прекинал по протестите од страна на регулаторите и кампањата за заштита на приватноста, пренесува Би-би-си.

Ова најново барање е еден од неколкуте опт-ин дозволи, кои се воведуваат пред новиот закон за приватност на податоците.

Но, потегот се смета за контроверзен затоа што компанијата во моментот е вмешана во скандалот поврзан со употреба на корисничките податоци од страна на политичко-консултантската компанија „Кембриџ аналитика“.

„Биометриската идентификација и следењето преку повеќе од милијарди фотографии на платформата ја нарушува приватноста на корисниците“, изјавил директорот на Британската цивилна организација, Силки Карло.

Тој изјавил дека „Фејсбук“ мора да докаже дека научил како да го почитува законот.

Корисниците надвор од ЕУ и Канада ќе бидат подложни на сличен сет на контрола на приватноста во наредните месеци, но ќе бидат подложни на препознавање на лицето ако тоа биде побарано од системот.

Засега системот на препознавање на лицето работи така што на секој од корисниците им се доделува единствен број, а неозначените лица завршуваат во датотеките.

Кога ќе се утврди лицето, „Фејсбук“ ќе бара од личноста што ја објавила сликата и од личноста што ќе се појави на неа да ги примени соодветните ознаки со името.

Како што се наведува, со тоа му се помага на „Фејсбук“ да предложи и нови пријателства.

 

 

Scroll to Top