„Фејсбук“ ќе им овозможи на огласувачите да дознаат две приватни работи за вас

„Фејсбук“ ќе дозволи пласирање огласи на луѓе на основа на нивните политички и религиозни верувања, во рамките на новата пробна програма, која ќе опфати помал број корисници.

Ова тестирање е дизајнирано за да ѝ помогне на социјалната мрежа во процесирањето и ракувањето на податоците на муштериите за да се вклопат со новата регулатива за заштита на податоците на Европската Унија, која стапува на сила на 25 мај и која бара од корисниците да имаат поголем увид во чувствителните податоци и начинот на кој тие се штитат.

„Фејсбук“ исто така ќе бара од корисниците согласност за користење на тие податоци, прво во Велика Британија, каде што ќе биде одржано тестирањето.

Исто така, луѓето ќе можат да кажат дали се среќни поради тоа што нивната политичка и верската определба ќе бидат видливи за другите корисници.

Ако некој се согласи, тогаш ќе добие можност да дозволи тие информации да се користат за персонализирани содржини, поточно реклами што ќе бидат прикажувани.

Социјалната мрежа нагласува дека оваа содржина нема да биде користена за  екстремистите да можат да ги шират своите ставови и да ги регрутираат истомислениците.

 

Scroll to Top