„Фејсбук“ првпат изгуби судски процес од 14-годишно девојче

Врховниот суд во Белфаст донесе пресуда против „Фејсбук“ кој ќе треба да му плати отштета на 14-годишно девојче. Компанијата ќе мора да го плати износот што таа ќе го побара од нив. Ова е прва пресуда против „Фејсбук“.

Девојчето, чија гола фотографија била објавена на „Фејсбук“, ја тужеше компанијата за психички трауми кои можеле да бидат спречени. Нејзината фотографија била објавена поради уцена од неидентификувано лице, но потоа луѓето почнале да ја споделуваат на своите профили и покрај предупредувањата од родителите на девојчето. Според судот, „Фејсбук“ требал и можел да го спречи ширењето на фотографијата, која се објавувала на нивната социјална мрежа од ноември 2014 до јануари 2016 година.

„Ако овие фотографии биле објавени во весник или на ТВ, ќе имало сериозни реперкусии. Истите закони треба да се применуваат и за платформите што се користат во светот на социјалните медиуми“, истакнале адвокатите на девојчето. Тие тврделе дека „Фејсбук“ имал моќ да го блокира споделувањето.

Ова е првпат социјална мрежа да биде осудена поради ширење несоодветна содржина.

Scroll to Top