Фејсбук шпиунира милион корисници

Огромната регулатива за заштита на податоци на Европската Унија, на сила ќе стапи на 25 мај, и ќе ги претстави острите рестрикции кога се во прашање, користењето и чувањето на личните податоци на луѓето на интернет.

Ова во голема мера ќе влијае на технолошката компанија во ЕУ, затоа што повеќе нема да може толку слободно да се користат личните податоци на луѓето.

А една од тие компании е и Фејсбук, која во целост ќе мора да го промени својот пристап на лични податоци, барем кога се во прашње европските посетители. До овој заклучок дошле по направеното истражување од Универзитетот Карлос III, во Мадрид.

Со други зборови, социјалната мрежа чува важни податоци на некои 205 милиони Европјани, кои можат да користат и трети страни за да ги утврдат нивните идентитети, и на тој начин да ја загрозат нивната безбедност.

Кога на сила ќе стапат новите правила, Фејсбук ќе мора да бара согласност од секоја личност за да ги користи овие податоци.

Истражувачите тврдат дека личните податоци на некои лица ќе можат да ги откријат плаќањата на третите страни, и тоа се на се околу 0,015 евра по корисник.

 

Scroll to Top