„Фејсбук“ укина функција што ја користеле мал број луѓе

Веројатно знаете дека „Фејсбук“ има сопствена трендинг-секција каде што можете да изберете тема на која сакате да ги примате најважните вести. Но, се чини дека од „Фејсбук“ одлучиле да ја избришат оваа функција затоа што луѓето не ја користат.

Социјалната мрежа најави дека од својот сајт ќе ја отстрани трендинг-секцијата за да направи простор за идните искуства поврзани со вестите.

„Фејсбук“ тврди дека слабата интеракција на луѓето со трендинг-секцијата претставува главна причина за нејзиното отстранување.

„Ви го претставивме ‘Трендинг’ во 2014 година затоа што сакавме луѓето да откриваат нови теми кои се популарни во фејсбук-заедницата. Но, оваа опција беше достапна во 5 земји и постигна само 1,5% од кликовите. Со време откривме дека овој производ сè помалку с екористи“, стои во соопштението на компанијата.

Сè уште не е познато со што „Фејсбук“ ќе ја замени трендинг-секцијата, но секако ќе биде интересно да се види за што ќе се одлучат луѓето задолжени од друштвената мрежа.

 

 

Scroll to Top